Даниел С. (22) се обесил во семејната куќа во Горно Крњино, Србија, откако мајката го пријавила дека сексуално ја злоставил својата полусетсра, 12-годишна Р.Ј, односно нејзина ќерка од друг брак.

Морничавата семејна драма се одвивала во петокот, кога девојчето после два дена мачење собрало храброст да каже што се случувало кога останува сама со брата си во куќата.

Даниел ја нападнал сестра си во понеделникот. Влегол во нејзината соба во текот на ноќта и ѝ побарал да имаат сексуални односи. Девојчето се уплаишло и почнало да се брани, а тој со сила ѝ ги соблекол пижамите и гаќите и почнал да ја допира. Сексуално ја злоставувал и ја принудил на орален секс – открил извор до истрагата.

По чинот ѝ се заканил ништо да не кажува, но таа уплакана повикала пријател од соседното село и му раскажла каква „глупост“ направил Даниел, па момчето ја одвело кај нивни роднина, кој веднаш го викнал и Даниел. Почнал да му вика, а Даниел рекол дека ќе се убие ако го пријават. Следниот ден кога отишол на работа, бил многу потиштен, не сакал да јаде и само пушел цигари – наведува извор близок до семејството.

Сепак, го пријавила мајката, а не роднината. Обвинителството издало наредба за апсење, но кога простигнала полицијата, Даниел висел обесен во шупата.

Мештаните кои го познаваат велат дека не можат ни да замислат дека тој бил способен за такво нешто.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.