Две лица од Словенија се пријавени поради кршење на карантинските правила од небрежност и евентуално ширење на вирусот „Ковид-19“, за што ќе бидат казнети со парична или затворска казна, изјави портпаролот на словенечката влада, Јелко Кацин.
Според Кацин, 37-годишна жена дознала дека нејзиниот сопруг има вирус ковид-19, но кога ја повикала брзата помош, таа не ги известила дека тој има коронавирус, со што го загрозила здравјето на другите луѓе, пренесува СТА.
Во меѓувреме, нејзиниот сопруг, кој работи за голема словенечка компанија, продолжил да доаѓа на работа и покрај тоа што требало да биде во карантин, поради што е поднесена кривична пријава против брачната двојка за ширење на коронавирус од небрежност.
Кацин додаде дека досега се издадени 1.213 налози за карантин на граничните премини со Унгарија и Хрватска и на аеродромот во Љубљана и дека повеќето луѓе се придржуваат кон самоизолацијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.