Изгледите дека Црна Гора е на работ на граѓанска војна се толку страшни што не сакам ниту да размислам на тој начин, изјави денеска српската премиерка Ана Брнабиќ, истакнувајќи дека регионалната стабилност е најважната работа за Србија.
Како што јави дописникот на МИА од Белград, Брнабиќ одговарајќи на прашањето на ТВ Прва дали Црна Гора е на работ на граѓанска војна поради настаните по усвојувањето на Законот за верските слободи кажа: „Оваа перспектива е страшна, дури не сакам ниту да размислувам на тој начин. Она што е најважно за нас е регионалната стабилност, без која нема ниту стабилна Србија“.
Таа ги пофали Србите во Црна Гора за вчерашната реакција, кога повикаа на смирување на ситуацијата и рече дека тие нема да одговорат со агресија.
– Треба сè да се направи само за да се смири ситуацијата и тензиите. Дијалогот е единствениот начин за договор, кажа Брнабиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.