Нов земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтер денеска го погоди хрватскиот град Петриња, а сега се појави и видео снимка од моментот на земјотресот.

На снимката се гледа како еден од испаничените граѓани вели дека повеќе не може да издржи.

– Боже, смилувај се, не можам повеќе да издржам – вели тој.

Земјотресот предизвика дополнителна штета на неколку згради и куќи, а голем дел од жителите одлучија ноќта да ја поминат во шатор оти се плашат да спијат во своите домови.

Видеото од моментот на земјотресот можете да го погледнете ТУКА.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.