Министерот за прашања на борците и инвалидите во Владата на Федерацијата на БиХ, Салко Букваревиќ почина денеска од последиици на новиот коронавирус на Клиниката за пулмологија во Сараево.

Тој десетина дена бил хоспитализиран откако тестирањето покажало дека е позитивен на Ковид-19.

Здравствената состојба на Букваревиќ се влошила во понеделникот, а претходните денови бил на терапија со кислород, но тоа не било доволно поради силното воспаление на двете болодробни крила. Поради тоа вчера попладне бил приклучен на респираторна машина.

На Букваревиќ на 22 јули му е потврден позитивен тест на коронавирус.

Функцијата министер за прашања на борците и инвалидите во Владата на Федерацијата на БиХ ја извршувал од 2015 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.