Министерот за прашања на борците и инвалидите во Владата на Федерацијата на БиХ, Салко Букваревиќ почина денеска од последици на новиот коронавирус на Клиниката за пулмологија во Сараево.

Тој десетина дена бил хоспитализиран откако тестирањето покажало дека е позитивен на Ковид-19.

Здравствената состојба на Букваревиќ се влошила во понеделникот, а претходните денови бил на терапија со кислород, но тоа не било доволно поради силното воспаление на двете белодробни крила. Поради тоа вчера попладне бил приклучен на респираторна машина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.