Истакнатиот епидемиолог и член на Светската здравствена организација (СЗО) Шефик Пашагиќ почина вчера во Сараево како последица од ковид 19. Пред да се разболи, се занимавал токму со коронавирусот и бил во постојан контакт со колеги од САД, со кои разменувал научни сознанија за ковид 19, пренесува порталот Кликс.

Во текот на вчерашниот во Босна и Херцеговина се регистрирани уште три смртни случаи, а Пашагиќ (61) е еден од нив. Бројот на починати од ковид 19 во БиХ достигна 23 лица, од вкупно 654 заразени со коронавирусот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.