Босанските тинејџерки кои во 2014-та година побегнале од Австрија за да ѝ се приклучат на Исламската држава, Сабина Селимовиќ и Самра Кешиновиќ, сега се меѓу жените џихадистки кои молат да се вратат со своите деца во Европа.
Кога одлучиле да ѝ се приклучат на Исламската држава имале по 14 и 15 години и многу брзо завршија на насловните страници на европските медуми. Во изминатите неколку години се појавија и информации дека се загинати, меѓутоа очигледно е дека тоа биле погрешни информации.
Според најновите податоци на Канцеларијата за заштита на уставот и сузбивање на тероризмот на Австрија, девојките се живи, имаат деца и молат да се враат дома – во австрискиот главен град Виена.
BVT: Die zwei Wienerinnen haben Kinder und wollen zurück nach Wien. https://t.co/eFB77RG4BR
— Sandra Winter (@example_1000) February 27, 2019
Сепак, иако и двете Босанки имаат австриско државјанство и имаат право да се вратат во Австрија, ставот на австриското Министерство за внатрешни работи во врска со нивното враќање и натаму е воздржан, посебно затоа што се претпоставува дека и двете девојки имаат учествувано во борбите на џихадистите кои ги водеа на Блискиот исток.
Од друга страна, од Министерството за надворешни работи на Австрија, соопштија дека се подготвени да им помогнат на тинејџерките да се вратат дома.
Сабина и Самра со своите семејства живееле во Виена пред да одлучат да побегнат во Сирија. Откако позираа држејќи автоматски пушки и отворено ја поддржуваа најозлогласената терористичка организација на сите времиња – Исламската држава, тие на социјалните мрежи станаа доста познати и многумина ги нарекуваа „новите лица на џихадот“.
точка.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.