Бугарскиот премиер, Бојко Борисов се надева дека Македонија, веќе 30-та членка на НАТО, наскоро ќе ја покаже разликата во својот развој, откако ќе биде дел од ова семејство.
Но, тој очекува и поголем разум кај другите земји што сакаат да влезат во Европската унија и Алијансата, затоа порача многу внимателно да го мерат нивното однесување и чекори.
Борисов ова го кажа во својот говор на Годишниот форум за Западен Балкан, организиран од Меѓународниот републикански институт на САД.
Тој рече дека „расчеречената“ положба не е корисна за никого – или сте во НАТО или не, или сте во европско семејство или не, пренесува БТА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.