Лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов се појави на распит во Главната дирекција на „Национална полиција“.

Пред два дена самиот Борисов објави пред медиумите за добиената покана за информативен разговор.

Стотици демонстранти во знак на поддршка на поранешниот премиер се собраа пред објектот на Националната полиција.

Демонстрантите скандираа против претседателот Румен Радев и привремениот министер за внатрешни работи Бојко Рашков. Исто така, постои зголемено полициско присуство на местото.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.