Два дена откако парламентарната група на владејачката ГЕРБ објави дека размислува за импичмент на претседателот на државата Румен Радев, Извршниот комитет на партијата на премиерот Бојко Борисов одлучи да не иницира и да не поддржи таква процедура.

До првичната закана за импичмент дојде во вторникот, по обраќањето кон нацијата на претседателот Радев во кое тој ја откажа довербата кон актуелната влада на премиерот Борисов. Вчера, пак, Радев изјави дека импичментот најмногу ќе ги наполни плоштадите.

Ние не сакаме да има војна меѓу институциите. Бугарија има потреба од нормално функционирање на институциите. Ние не сакаме да инвестираме во политчко спротивставување, најмногу не сакаме да придонесеме за поделба на општеството, изјави вицепремиерот Томислав Дончев на вонредна прес-конференција во седиштето на ГЕРБ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.