Коронавирусот продолжува да ја мачи Европа. Затоа што кога ги попуштивме мерките, совршено знаевме што ќе се случи. Никогаш не сме рекле „корона чао“, но не мислам дека до денес треба да паничиме затоа што бројот на заразени порасна.

Ова го изјави премиерот на Бугарија, Бојко Борисов на вонреден брифинг, објави БГНЕС.

Имаме лекови, имаме заштитна облека. Јас не би повикал на построги мерки, туку за повеќе дисциплина, рече Борисов.

Според него, ако сега почне земјата да ги заострува мерките, ќе донесе паника и голем хаос во економскиот живот.

Ако започнеме со заострување на мерките сега, тоа ќе донесе паника и многу поголем ризик за целиот наш економски живот. Сите 6 лица кои починаа синоќа имале тешки коморбидитети. Вирусот е слаб, не е толку моќен, подобро е да имате повеќе болни и опоравени сега, отколку во октомври-ноември – смета Борисов.

Бројките покажуваат дека мерките биле правилни. Кога ги олабавуваме мерките, резултатите се зголемуваат, но според лекарите не се толку критични и опасни за да направат нешто повеќе. Веќе имаме над 30 лаборатории, тестови колку што сакате, масовно тестираме, затоа и толку излегуваат. Кога тестираме еден кластер, веднаш излегуваат 15-20 луѓе, итн., додаде Борисов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.