Никогаш не ми било интересно да претседателствувам, одговори денеска поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов на прашањето дали ќе се кандидра на изборите за функцијата претседател на Бугарија, со што јасно стави до знаење дека нема тоа да го направи.
Лидерот на ГЕРБ најави дека наскоро ќе го објави својот претседателски кандидат. На 14 ноември во Бугарија ќе се одржат и претседателски и парламентарни избори.
Актуелен претседател на Бугарија е Румен Радев. Борисов во моментов не е премиер, затоа што со Бугарија владее техничка влада, но по два парламентарни избори резултатите се такви што никој не може да состави мнозинство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.