Премиерот на Бугарија Бојко Борисов рече дека ја поддржуваат Албанија за почеток на преговорите со ЕУ, но оти тоа не можат да го кажат за Македонија. Тој вели дека немало доволно ангажираност од наша страна и затоа одговорот е негативен.

 

За жал немаше доволна ангажираност од Македонија.Подготвени сме да продолжиме разговорите и да работиме на исполнување на Договорот за добрососедство-рече Борисов по средбата со албанскиот премиер Еди Рама.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.