Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов на седница на владата рече дека гасоводот Јужен тек не бил реализиран поради корупција. Бугарскиот премиер во повеќе наврати изрази жалење поради неуспехот на реализацијата на Јужен тек.
Првпат ги одбранивме интересите на Бугарија пред нашите евроатлантски партнери и партнерите од Брисел. Работиме со полна пареа, се ослободивме од корупциските шеми и механизми, поради кои беше прекината изградбата на гасоводот Јужен тек, Изградбата беше прекината поради корупција, поради ништо друго. Инаку и тој гасовод ќе го зачувавме, кажа Борисов на седница на владата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.