Пратеничката група БСП за Бугарија повторно побара од Националното собрание лично да го слушне премиерот Бојко Борисов на тема Република Македонија и за позицијата на Бугарија за членството на нашиот сосед во Европската унија.

Премиерот Борисов нема да се појави во пленарната сала, но ќе бидат сослушани Екатерина Захариева, министер за надворешни работи и Красимир Каракачанов, министер за одбрана.

Според заменик претседателот на Националното собрание, Кристијан Вигенин, владејачката партија повторно го скрила Борисов.

Според Вигенин, „откако позицијата на нашата земја е веќе заземена и објавена, се поставуваат други прашања во врска со идната политика на Бугарија кон нашиот сосед и во врска со проширувањето“.

„Ние веруваме дека дискусијата треба да биде посеопфатна, не конкретно за оваа позиција, туку за односите меѓу двете земји од сега п анатаму. Затоа, сметаме дека треба да се одржи сослушување со премиерот Бојко Борисов, а не со вицепремиерите, како што се предложен од ГЕРБ“, рече Кристијан Вигенин, пренесоа бугарски медиуми.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.