Бугарскиот премиер Бојко Борисов најави дека по барањето за свикување на седница на Големото национално собрание и промена на Уставот, треба да се преземе следниот чекор.
Во видео-порака објавена на неговиот Фејсбук Борисов порача дека целта е да им се даде на граѓаните право да избираат и да донесуваат одлуки.
Контактиравме со коалиционите партнери и побаравме состаноци. Сфатив дека тие исто така имаат предлози. Дозволете ни да не поддржат во ова. На 2 септември треба да влеземе со 120 потписи – рече Борисов.
Како што изјави бугарскит претседател, единствената цел на неговата партија ГЕРБ е да им даде на луѓето право на глас.
Ние сме обвинети дека не сме легитимни. Имавме избори двапати минатата година и досега ниту една агенција не покажа дека ГЕРБ не е прва политичка сила – рече Борисов.
Борисов порано рече дека ќе поднесе оставка ако Парламентот го одобри неговиот план да распише избори за Големото национално собрание, со цел промена на Уставот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.