Бидејќи многу пати ме прозваа дека сум навредил некого, сакам само да потенцирам во сиромашна Бугарија какви автомобили има. Ова го изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов, откако ја објави листата со бројки и луксузни модели кои ги возат бугарските бизнисмени.
Во Бугарија има три Бугати како на Роналдо, има 241 автомобил Бентли, 123 Ферари, 53 автомобили Мајбах, 22 Мекларен, 87 Ламборџини, 311 Масерати. А Ролс-Ројсови има 84… јас не знам, но сигурно сме први во Европа. Хамери -280, Јагуари околу 4.000, Поршеа околу 5.000, ги нареди бугарскиот премиер.
Па, како што реков, ако некој бизнисмен можеше да ги задоволи вработените, тие можеа да намалат од 80 „ролс-ројса“ на 40. Сакам само да ги заштитам работниците – рече премиерот и ги повика бизнисмените да ги продаваат своите скапи автомобили за да ги сочуваат своите вработени во време на кризата, што тешко го погоди бизнисот – пренесува бугарскиот портал Факти.
https://www.facebook.com/100006542380422/videos/2727679624126757/
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.