Најмалку 120 приведени демонстранти и околу 100 повредени полицајци, од кои 15 хоспитализирани е биланост од вчерашните протести во Софија против бугарската Влада.
– Она што се случи беше долг маратон на немири. Во Софија од раните часови дојдоа секакви луѓе да ја изразат својата волја и да протестираат. За жал, многу луѓе дојдоа да шират тензии. Бевме ставени на тест за да трпиме додека околу нас паѓаа повредени полицајци. Многу бомби, многу пиротехника. Тактиката во текот на целиот ден беше насочена целосно кон поштеда на животот и здравјето на демонстрантите изложени на ризик по животот и здравјето на полицијата. Ова го изјави на вонреден брифинг во 01.00 часот заменик-директорот на Софиската дирекција за внатрешни работи Антон Златанов, јави БГНЕС
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.