Најмалата излезност во историјата покажа тотален неуспех на Владата да ги организира изборите. Немаше место каде што немаше проблеми. Овие избори ќе останат во историјата запаметени по жената која бега од полиција и јаде гласачко ливче. Ова го изјави лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов во својот прв коментар по изборите.

Според него, изборите покажале дека Бугарите немаат чуство за одговорност потенцирајќи го неуспехот на „Има таков народ“  која два пати освои најмногу мандти во изминативе месеци, а за само три месеци довербата се намали за 10-15 отсто.

Според него, еден пратеник плус или минус не носи стабилност.

Оли сме први или сме втори со фотофиниш. Најверојатно кога ќе дојдат резултатите од странство ќе се повтори истото сценарио како досега, но тоа не е важно. Драго ни е што по оваа репресија врз нас имаме таков резултат и што нè оставија живи. Многу ми се интересни, кога ќе почнат да зборуваат за политики, што ќе се смени сега. Тие што донесоа хаос сега мора да прават политики. Како ќе се реши здравствената криза, сметките за струја, праша Борисов.

Според него, овој парламент ќе биде подосаден бидејќи нема клучни говорници.

-Доколку имаме еден глас повеќе, должни сме да предложиме кабинет. Ниту гледам шанса да работам со ДПС, ниту пак тие сакаат. Мислам дека овој пат да останам во Народното собрание, одговори Борисов на прашање дали овојпат ќе остане пратеник или пак ќе поднесе оставка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.