Бугарскиот премиер Бојко Борисов најави дека Владата ќе побара од Парламентот да прогласи вонредна состојба во државата поради ширењето на новиот коронавирус.
Во таа земја, бројот на заболени нагло синоќа се зголеми од седум на 23, а едно лице почина.
Владата ќе побара од Парламентот да воведе вонредна состојба што ќе овозможи да се затворат училиштата, градинките и универзитетите – рече Борисов по итна седница на кабинетот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.