Босна и Херцеговина и Украина ќе бидат најгорливите теми на денешниот министерски совет за надворешни работи на ЕУ.

Шефот на ЕУ дипломатијата, Хосеп Борел, пред почетокот на состанокот порача дека Босна и Херцеговина ќе биде една од најважните теми за министрите за надворешни работи на ЕУ.

Босна и Херцеговина ќе одземе голем дел од состанокот затоа што националистичката и сепаратистичката реторика расте и го загрозува интегритетот на земјата, министрите треба да донесат одлука како да спречат да се распадне земјата, ситуацијата е критична – изјави Борел утрово за новинарите.

Министрите очекувано ќе зборуваат и за конфликтот помеѓу Русија и Украина.

Лидерите на САД и Русија го прифатија предлогот на францускиот претседател, Емануел Макрон за средба, а Европската Унија и натаму вели дека вложува во дипломатско решение на оваа криза.

Јосеп Борел потврди дека санкциите против Русија се подготвени и можат да бидат активирани доколку биде потребно. За тоа би се свикал вонреден министерски состанок.

По мој предлог санкциите ќе бидат подготвените кога ќе дојде моментот, но работиме тој момент да не дојде – изјави шефот на ЕУ дипломатијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.