Високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Хосеп Борел, разговарал телефонски со српскиот претседател Александар Вучиќ и со косовскиот премиер, Албин Курти и побарал од нив да се одржи нова рунда преговори во рамките на бриселскиот дијалог за да се надминат тензиите.
Борел разговарал со двајцата лидери за време на неговиот престој во САД.
Шефот на ЕУ дипломатијата во Вашингтон се сретна со државниот секретар, Ентони Блинкен, со кого разговарале за тензиите на северот на Косово.
Борел разговараше за Западниот Балкан и за Косово со Блинкен. ЕУ и САД соработуваат одблиску и имаат исти цели, посетата на високиот претставник само ја нагласи одлучноста на двете страни да соработуваат одблиску. ЕУ сака да види нова рунда на Дијалогот за нормализација на односите помеѓу Белград и Приштина, под медијаторство на Унијата – соопшти портпаролот на Европската комисија, Петер Стано.
Засега не е одреден датум за нова средба, а Брисел цели кон нова рунда прво со шефовите на преговарачки тимови, а потоа на највисоко ниво со двајцата лидери.
Борел и Блинкен ја истакнаа важноста од ЕУ дијалогот кој е поддржан од САД и улогата на овој дијалог за решавање на прашањата кои водат кон нормализација на односите – додаде Петер Стано.
Брисел и Вашингтон повикаа и на деескалација на тензиите помеѓу двете страни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.