Високиот претставник на Европската унија за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел изјави дека ЕУ нема да се смета за геополитичка сила доколку не го стабилизира Балканот и не ги реши односите меѓу Србија и Косово.
Никој друг нема да го стори тоа, само Европејците, рече Борел во интервју за „Фајненшл тајмс“.
Говорејќи за надворешната политика на ЕУ и настаните во регионот, Борел оцени дека Балканот бил „буре барут“ и дека ЕУ се соочува со најголемата задача – решавање на несогласувања и подобрување на безбедноста во тој дел од Европа.
Во интервјуто тој зборува и за другите предизвици со кои се соочува ЕУ.
Во последните 10 месеци, нашето соседство е во во пламен, од Либија до Белорусија, изјави Борел во интервју за ФТ. Сите делови се вклопија многу полошо отколку што можев да предвидам, истакна тој.
Тој уште најави дека се очекува министрите од ЕУ на 21 септември да се договорат за санкции за белоруски функционери за местење на минатомесечните претседателски избори и за преземените акции против политичките противници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.