Потврдени се девет нови случаји на заразени од коронавирусот во Урошевац, со што вкупниот број на инфицирани се искачи на 90 од кои 86 лица се вработени во американската воена база Бондстил.

Во бројката на инфицираните се опфатени и членовите на семејствата на работниците во Бондстил меѓу кои, позитивно на корона тестотот е и 10 месечно бебе.

Градоначалникот на Урошевац Агим Алију изјави дека сите од овие лица се инфицирани при контакт со претходно заболени лица кои пред два дена беа откриени за време на извршените тестирања.

Алију за приштинскиот ,,Газета експрес” изјавил дека, дополнителни 25 примероци на новотестирани лица биле испратени во лабараторија чии резултати треба да бидат објавени наскоро.

Сите 86 заболени лица се работници во Бондстил или членови на нивното потесно семејство, изјавил градоначалникот на Урошевац за ,,Газета експрес”.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.