Од денеска, приемот на сите пациенти во словенечките болници ќе биде прекинат, освен за итни случаи и оние кои се заболени од Ковид-19. Оваа одлука е пропишана со указ издаден од министерот за здравство на Словенија Томаж Гантар.
Иако Универзитетскиот клинички центар во Словенија, најголемата здравствена установа во земјата и неколку други болници почнаа да ја применуваат оваа мерка пред неколку дена, со указот се пропишува нов режим на работа за сите здравствени установи во Словенија.
Пациентите на онкологија, бремени жени, неонатологија и вакцинации не се опфатени со новата мерка на словенечкото Министерство за здравство, како и итни интервенции опасни по живот на пациенти.
Од денеска во болниците ќе се вршат само најитните, неодложни хируршки интервенции, а Министерството ќе проценува на 14 дена дали тие мерки мора да останат во сила или не.
Според официјалната статистика, во последните 24 часа во Словенија се регистрирани речиси 2.000 нови заболени од Ковид-19, 449 хоспитализирани и 63 на интензивна нега.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.