Поранешниот долгогодишен бугарски премиер и лидерот на партијата ГЕРБ, Бојко Борисов, нема да биде пратеник во 47. Народно собрание, соопшти Бугарското национално радио, повикувајќи се на свои извори.
Борисов поднел и изјава до Централната изборна комисија на Бугарија дека се повлекува од своето пратеничко место.
Ова е трето Народно собрание во кое Бојко Борисов одбива да биде пратеник.
Мотивите за ваквата одлука сѐ уште не ги соопштува ниту Борисов ниту неговите соработници од ГЕРБ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.