Медицинскиот координатор на Ковид-болницата во Арена во Белград, Предраг Богдановиќ изјави дека построгите мерки во текот на изминатите три викенди не влијаеле врз намалувањето на бројот на новозаболени од Ковид-19.
Тоа се уште не дава резултати, затоа утрово работиме со зголемен интензитет, имаме поголем број приеми и секогаш се бара место повеќе – изјави Богдановиќ за Радио телевизија Србија (РТС).
Тој додава дека во Арена во моментов се лекуваат 405 пациенти, наведувајќи дека клиничката слика на пациентите станува се потешка од недела во недела.
На прашањето за потрошувачката на кислород во однос на ноември и декември, кога имаше силен бран, Богдановиќ истакна дека тогаш во Арена имало повеќе луѓе за лекување, односно околу 500, но за два дена сега трошат кислород колку што тогаш трошеле за 15 дена.
Од тоа можете да видите колку е сериозна ситуацијата – нагласува Богдановиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.