Акцијата за апсење на водачот на Кавачкиот клан, Слободан Кашчелан, уследила откако истражните органи обезбедиле сведок блисок до црногорската криминална група.

Kако што пишува подгорички „Дан“, врз основа на исказот на сведокот, чие име се држи во тајност, биле изведени апсењата и кривичните пријави против Слободан Кашчелан и Радоје Звицер, кои во полциската евиденција се заведени како водачи на Кавачкиот клан.

Голем број апсења на луѓе поврзани со оваа криминална група беа изведени на 20 април, а освен Кашчелан, уапсени беа и Владимир Вучковиќ, Милош Радоњиќ и Крсто Марош, додека полицијата трага по Звицер, Радоја Живковиќ, Милан Вујотиќ и браќата Милан и Драга Кнежевиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.