Српската полиција во Нови Пазар упаси вехабист кој се подготвувал за изведување терористички напад на територијата на Србија, објави белградскиот весник „Блиц“.

Според изданието, станува збор за припадник на вехабистичкото движење „Дава тим центар“, кој претходните години на локација во близина на манастирот Ѓурѓеви ступови кај Ново Пазар, тренирал боречи вештини, изведувал тактичка воена обука и увежбувал преживување во неповолни услови.

При апсењето кај него е пронајден ранец во кој носел воздушна пушка со оптички нишан и муниција за неа, како и нож и УСБ меморија.

Полицијата извршила и претрес на неговата семјена куќа во Нови Пазар, во чие поткровје пронашла инпровизирана хемиска лабораторија со поголемо количество хемиски супстанци и делови што можат да се користат за производство на импровизирани експлозивни направи, како и прирачник за нивна изработка, бележник во кој било наведено кој град во Србија колку е оддалечен од Нови Пазар и знаме на џихадистичката група Исламска држава (ИД).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.