Во Словенија во изминатите 24 часа се регистрирани 2.245 нови случаи на корона вирус, што е благо намалување во однос на претходната недела. Во истиот период починале 19 пациенти.
Состојбата во болниците се уште е критична, со стапка на позитивност од 47,4 отсто. Владата соопшти дека во болниците во моментот се лекуваат 1.126 лица, што е 26 повеќе од претходниот ден, додека 269 пациенти се на интензивна нега.
Најмладиот пациент кој е на интензивна нега има 29 години, а најмладиот кој е во редовната ковид зона на болницата има 10 години.
Во земјата во моментов има 44.629 активни случаи, што е за 84 помалку од вчерашната бројка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.