Во Србија во последните 24 часа се тестирале 11.442 лица од кои 3.889 биле позитивни на корона вирусот. Во истиот период починале 39 пациенти.

На респиратори ширум болниците во земјата се приклучени 269 граѓани.

За споредба, вчера на 14.395 тестирани лица имаше 4.497 позитивни на вирусот.

Во текот на вчерашниот ден починаа 37 пациенти, а на респиратори беа 254 луѓе.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.