Работодавачите и деловните организации во Бугарија бараат итно свикување на Консултативниот совет за национална безбедност кај бугарскиот претседател Румен Радев и средба со премиерот Кирил Петков поради исклучително тешката состојба со цената на струјата, јави дописникот на МИА од Софија.
Во писменото барање за средба со бугарскиот претседател и премиер се вели дека мерките што ги предложи новиот министер за енергетика не функционираат во оваа ситуација.
Според претставниците на бизнисот, предлогот за плафон за компензација на трошоците за енергија ќе има катастрофални последици за бугарската економија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.