Љубомир Марковиќ Киќа (37) вчера е убиен со два куршуми во глава во близина на бензинска пумпа во Врачар, Белград. Марковиќ беше познат како еден од навивачите на Партизан кои брутално го убија навивачот на Тулуз, Французинот Брус Татон во Белград.

Марковиќ во 2011 година беше осуден на 30 години затворска казна, која му беше намалена на 15 години, за на крајот да излезе од затвор за 6 години, односко од затворот во Сремска Митровица на слобода излезе во 2017 година.

Љубомир Марковиќ Киќа заедно со Дамјан Собиќ, Драган Мишевиќ, Драган Ловреан беше обвинет дека предизвикувал тепачки и нереди на натпреварот помеѓу ОФК Белград и Партизан 31 август 2008 година.

Навивачката група Алкатраз беше во големи проблеми со противничката екипа Забранети.

Присутните слушнале осум истрели, Марковиќ се обидел да побегне од напаѓачот, но сепак не успеал да се спаси бидејќи бил ранет, а потоа бил усмртен со два истрела во главата. Полицијата пронашла оружје и кај жртвата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.