Иако се уште нема официјална потврда од институциите дека пронајдените тела се на исчезнато семејство Ѓокиќ, се поизвесно е дека тоа е вистината.
Медиумите во Србија јавуваат за нови детали до кои успеале да дојдат од извори од истрагата.
Имено, денеска беше пронајден запален автомобилот „Пасат“ во сопственост на семејството од Алексинац. Во негова близина покриени со гранки и листови биле откриени безживотните тела.
Според најновите информации, во атар на селото Моравац во густа грмушка била пронајдена рака за која се верува дека е поврзана со случајот со исчезнувањето на семејството Ѓокиќ.
Полициски екипи го блокирале и го обезбедуваат целиот терен. Се чекаат форензичари од Белград, по што официјално треба да бидат познати повеќе детали. Се утврдува дали се работи за тројно убиство или двојно убиство и самоубиство.
Горан (57), Гордана (56) и нивната ќерка Лидија (25) исчезнале во неделата вечерта откако си заминале од вечера на која биле кај мајката на Горан. Тука им се губи трагата.
Семејството Ѓокиќ имало менувачница, а нивното семејство и пријателите се сомневаат дека некој им го пресретнал патот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.