Кризниот штаб на БиХ најави нови мерки, а една од нив е ограничено движење на населението, односно полициски час што ќе важи од 23 часот до 5 часот наутро. Одлуката стапува на сила утре.
Исто така, меѓу новите мерки е и таа да се ограничат собирите на граѓани на најмногу 30 лица, како во затворен, така и на отворен простор.
За време на полицискиот час, забраната за движење се однесува на целата територија на Федерацијата БиХ.
Од одлуката ќе бидат изземени оние кои работат во смени во текот на ноќта (со валидна потврда од работодавачот), како и државните службеници што работат на спроведувањето на мерките.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.