Конфликтот меѓу Израел и Хамас, кој ескалира оваа недела, се одрази на симболично ниво и во Босна и Херцеговина – земја длабоко верски поделена. Така, половина од земјата му изрази поддршка на Израел, а половина застана зад Палестинците, пишува хрватски Јутарњи лист.

Оваа т.н. „војна“ со симболи започна на 10 мај, кога фасадата на познатото градско собрание на Сараево беше осветлена со боите на палестинското знаме. Градоначалникот на Сараево Бенјамин Кариќ на Твитер објави дека градската администрација го сторила тоа во знак на солидарност со невините жртви и нивните семејства.

Потоа, непознати лица го закачија знамето на Палестина на Стариот мост во Мостар, откако градоначалникот Марио Кордиќ наводно го одбил барањето за осветлување на мостот со боите на палестинското знаме, по примерот на гестот од Сараево.

„Нашите мисли и нашата поддршка се со еврејскиот народ“

Не е познато кој побарал да се осветли Стариот мост или кој го поставил палестинското знаме, но друг пост на Твитер додаде масло на огнот со видео од лице кое се претставува како „Херцеговка Кло“, која покрај официјалниот билборд на владата на Западнохерцеговската Жупанија, постави знаменца на Израел и Херцег-Босна со порака дека се моли за мир во Ерусалим.

Израелскиот амбасадор во Хрватска, Илан Мор, одговори на гестот со благодарност. „Ви благодарам за постојаните молитви и поддршка“, напиша Мор.

Властите во Република Српска дадоа свој придонес во оваа војна со симболи, така што зградата во Бања Лука, каде што е сместен претседателот на ентитетот, е осветлена со боите на израелското знаме, и тие одлучија да го сторат истото во Требиње, осветлувајќи го sидовите на стариот град.

„Нашите мисли и нашата поддршка се со еврејскиот народ и сите наши желби се посветени на градењето мир“, рече владата на РС на профилот на Твитер на владејачката Алијанса на независни социјалдемократи (СНСД), предводена од Милорад Додик.

И медиумите зазедоа страна

Медиумите во БиХ известуваат за конфликтот меѓу Израел и Хамас како да ги претставуваат ставовите на завојуваните страни. Тие нашироко известуваат во Федерацијата за страдањата меѓу Палестинците и во РС за жртвите што ги претрпе Израел.

БиХ е меѓу земјите каде Израел нема своја амбасада, но затоа таму работи палестинската амбасада.

Палестинскиот амбасадор Резек Намора беше истакнат гостин во медиумите во Федерацијата и зборувајќи за неодамнешните конфликти, тој не бираше зборовите. Тој рече дека се предизвикани од „имигрантски банди“ и ја нарече  влада во Израел „расистичка“.

Протерувањата на населението, уништувањето на домовите, апсењата и убиствата продолжуваат секојдневно во рамки на организираната политика дефинирана во расистичката дискриминација и обидите за грозоморно етничко чистење, рече палестинскиот амбасадор пренесува сараевскиот портал Фактор.

Тоа е политичка игра

Некои сметаат дека конкуренцијата во натпреварувањето со еврејските и палестинските симболи е чиста политика на инает, многу типична за БиХ, политика во која аргументите и фактите не се навистина валидни.

Така смета политичката аналитичарка Ивана Мариќ.

Израелското знаме во палатата на РС во Бања Лука како знак на поддршка за Израел е всушност провокација поради палестинското знаме во Градското собрание на Сараево. Дали тие знаат (во РС) дека Израел го призна Косово пред неколку месеци? Дали тие знаат дека Русија ја поддржува Палестина, а Америка Израел?, пораките се исто така прашања што Мариќ ги постави до владејачката структура во РС на Твитер во петокот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.