Министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Бисера Турковиќ, вчера ги објави датумите кога 136.300 вакцини ќе пристигнат во таа земја преку меѓународниот механизам Ковакс.
Како што објави таа, БиХ на 23 март ќе добие 24.300 дози вакцина Фајзер, а потоа на 29 март ќе добие 36.000 дози на АстраЗенека и на 22 април други 76.000 дози, исто така произведени од АстраЗенека, објави порталот Кликс.ба.
Ова е прва рунда испораки на вакцини преку програмата Ковакс, преку која БиХ ќе добие 1,2 милиони дози.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.