Видеоснимки од дрон објавени на Ап сторис прецизно го прикажуваат размерот на катастрофата што му се случи на островот Евија. Грчките медиуми го опишуваат видеото како приказ на „библиско уништување“.

Грчките пожарникари веќе седум дена се борат со катастрофалниот пожар кој досега изгоре повеќе од половина милион хектари земја и уништи илјадници згради.

Населбите на грчкиот остров се опкружени со оган, пишува „Катимерини“, додавајќи дека ситуацијата во јужниот дел сѐ уште е мирна.

Грчките пожарникари, со помош на 200 колеги од Украина и Романија и локални жители, како и воздухопловните сили, цела ноќ го гаснат пожарот на потегот Фаракла-Спатари-Каливија-Трупа.

На помош им пристигнаа и српските пожарникари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.