Во Албанија од први јуни се укинува задолжителното носење заштитна маска на лицето на отворен простор а полицискиот час се скратува за еден час и ќе трае од 23:00 до 6 часот.
Ова се дел од мерките што ги соопшти техничкиот комитет на експерти за справување со пандемијата, по направената анализа на епидемиолошката состојба.
Комитетот смета дека има простор за олеснување на мерките, почнувајќи од први јуни за отстранување на обврската за носење лична заштита на лицето, но останува задолжително во затворен простор и во јавен превоз. Полицискиот час наместо од 22:00 часот ќе почнува од 23:00 и ќе трае до 6 часот, како и до сега – соопшти Мира Ракацоли, претседателка на комитетот и заменик-министерка за здравство.
Според одлуката, ноќните клубови и дискотеки и понатаму остануваат затворени, а од 15 јуни ќе се дозволи групирање на отворен простор на 15 наместо 10 лица, колку што е сега.
Доколку епидемолошката состојба продолжи да се подобрува од први јули полицискот час ќе почнува на полноќ и ќе трае до 6 часот. Исто така ќе се дозволи одржување спортски натпревари, тетарски претстави други културни настани и конференции со присуство на со намалени капацитети до 30 отсто од капацитетот според протоколот на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) – додаде Ракацоли.
Одлуката на Комитетот е донесена по видно намалената бројка на нови случаи со Ковид-19. Вчера по 244 дена не беше регистриран починат, а бројот на новозаразени беше 15 лица ил 0,5 отсто од тестираните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.