Претседателот на општина Јагодина во Србија, популарниот Драган Марковиќ Палма изјави дека сите граѓани во Јагодине може да користат бесплатен превоз, без ограничување.

Не е потребна ниту лична карта, ниту двајца сведоци. За сите е бесплатно – изјави Марковиќ.

На прашањето како тоа ќе го финансира, Марковиќ изјавил дека пресметките покажале оти за цела година ќе бидат потребни 118 милиони динари за превоз на сите патници во Јагодина.

Според првиот човек на Јагодина, оваа општина е единствена во Србија во која членовите на собранието на градот не добиваат плата, се води сметка за трошоците на мобилните телефони и имаат донатори.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.