Шест лица се полесно повредени денеска во Анкара, која беше погодена од ретка песочна бура, пренесува турскиот весник Хуриет.

Песочната бура ги погоди окрузите Олатли и Хајман околу 15 часот по локално време, а претходно беше издадено предупредување за силен дожд и невреме.

Гувернерот на Анкара, Васип Шахин, потврди дека шест лица се полесно повредени.

Ветерот оштети неколку покриви на куќи и згради, откорна дрвја, а граѓаните во паника бараа засолниште, пишуваат турските медиуми.

Поради невремето имаше прекин на електричната енергија во центарот на градот, а пожарникарите им помагаа на оние што беа заглавени во лифтови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.