Беше под возот, под шините, 50 метри од местото на судирот. Кога и пријдов, видов дека има тешки повреди, ги отвори очите ширум и во тој момент само ме гледаше. Смирете се, ве извлекуваме, и реков за да ја охрабрам. Околу неа имаше двајца мртви – раскажал за српските медиуми, Саша Џокиќ, пожарникар, кој додал дека за 30 години не памети ваква тешка трагедија.
Ова сведочење го потресе регионот и ги искина срцата на сите кои го прочитаа.
Инаку драмата после судирот не се намалува. Лекарите се уште се борат за животот на тројца млади луѓе, а критично е и возачот на автобусот, додека пак машиновозачот на локомотивата е на силни лекови за смирување.
Ситуацијата и состојбата на повредените е непроменета. Тројцата најтешко повредени кои се наоѓаат во интензивната нега на Клиниката за анестезија се во многу тешка состојба и животно се загрозени – информираат од нишкиот клинички центар.
Станува збор за двајца тинејџери од по 16 години, како и маж (31). Лекарите засега не даваат прогнози за закрепнување.
Возачот на автобусот кој бил зад воланот во време на несреќата, се уште е во кома, а неговата состојба е критична. Се очекува против него да биде поднесена кривична пријава поради предизвикување општа опасност со смртен исход, но се чека за излезе од кома, за да даде изјава.
Машиновозачот на локомотивата е под седативи. Три дена после несреќата тој не се огласува, што не изнеадува, со оглед на тоа дека лекарската помош му е укажана на невропсихијатрија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.