Македонскиот државјанин Шефкет Демировски, кој е осомничен за давање мито во аферата „Први партизан“ и кој е во притвор во Србија од ноември 2019 година, постигнал договор со српското Обвинителството, неофицијално дознава белградскиот весник „Новости“.
Според весникот, тој платил 250.000 евра, по што му бил вратен пасошот и отпатувал за Истанбул, каде живее неговото семејство.
Демировски, заедно со Боривоје Глишовиќ, вработен во „Први партизан“, беше уапсен во ноември 2019 година под сомнеж за кражба на документација за производство на муниција во оваа фабрика.
Како што пишува „Новости“, тие се сомничат дека кривичните дела ги извршиле со продажба на проекти и други документи кои и припаѓаат на компанијата „Први Партизан“ од Ужице, поврзани со производство на оружје и муниција.
Истрагата против нив беше покрената во соработка со српските разузнавачки агенции БИА, ВБА и српската полиција и беа приведени по неколкумесечна истрага под сомнеж за „протекување“ на доверливи информации од фабриката за оружје во Ужице.
„Новости“ наведува дека Глишовиќ и Демировски се уапсени за кражба на документација на производство на муниција со калибар од 12,7 милиметри.
Станува збор за тајна документација во врска со производство на муниција за снајпери, но и за противвоздушни митралези која ретко може да се најде на пазарот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.