Поранешниот албански претседател, експремиер и историски лидер на опозициските демократи, Сали Бериша, на денешното Собрание на партијата, кое тој го свика, покрај другото, уште еднаш го „предизвика“ Стејт департментот во врска со неговото прогласување за „персона нон грата“.

– Стејт департментот во мај оваа година го прогласи Сали Бериша за „персона нон грата“, осум години по оставката од која било функција, човекот кој беше пофален повеќе од од кој било друг од американската администрација, за успешна борба против корупцијата. Својата битка да направам се за моето достоинство ја започнав во судницата, со транспарентност. Чекам со месеци, ниту факти, ниту документи, ниту докази, што значи дека не постојат, истакна Бериша пред 4.935 делегати учесници на собранието што се одржува на стадионот „Ер Албанија“.

Од Стејт департментот побара да ги достави до парискиот суд доказите против него за да ја легитимира одлуката, бидејќи во спротивно „ќе ја продолжи својата започната мисија“.

Тој им гарантираше на делегатите, дека е подготвен самиот да донесе каква било одлука доколку постои единствен доказ што ја потврдува одлуката на САД.

– Оттука ги повикувам функционерите на Стејт департментот да го однесат во Париз секој документ, доказ што го имаат. Сето тоа да го стават пред јавност. Гарантирам дека секоја одлука ја носам сам. Благодарен сум на пријателите во Европа и САД за нивниот однос кон оваа одлука, но ги поканувам нив и секој на земјината топка кој има еден доказ, јавно да го презентира. Сали Бериша ја носи вистинската одлука, доколку имаат а ви тврдам немаат докази, ќе останам понизен пред вистината, во спротивно ќе ја продолжам својата мисија. Како верник во Бога и човечкото достоинство, мојата битка за враќање на моето достоинство никогаш нема да престане, порача тој.

Бериша не ја поштеди од критки американската амбасадорка во Тирана, Јури Ким, за која рече дека се однесува како гувернер „идентично како поранешни руски амбасадори во Тирана“.

Обвинувајќи го Баша за поврзаност со премерот Еди Рама, вети дека ќе ја продолжи битката за уривање на, како што рече, нарко државата во Албанија и враќање на достинството на партијата.

– Ќе ја продолжам непоколебливо мисијата, заедно со вас и за уривање на нарко-државата во Албанија за да се врати на власт ПД како партија на вредностите на слободата која се фокусира на граѓанинот и неговите интереси, како партија која ќе ја интегрира Албанија во ЕУ, лојален сојузник на НАТО кој никогаш нема да дозволи да падне под други влијанија, освен во евроатлантската алијанса, нагласи Бериша.

Собранието продолжува со тајно гласање за разрешување на актуелиот лидер, Љуљзим Баша, а околу стадионот и седиштето на партијата има големо присуство на полициски сили, по информациите дека од стадионот толпата ќе замине кон седиштето за насилно да го заземе.

Во меѓувреме во седиштето на партијата Баша со поголем број соработници и претседатели на општински организаци со шампањ славеа 31 година од формирањето на партијата. Баша седница на Нациналното собрание има закажано за 18 декември. вт/гт/



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.