Четири лица загинаа, а четири се тешко повредени во судир на патничко комбе и камион кој утринава околу 6:20 часот се случил во Србија.
До несреќата дошло кога најверојатно возачот на комбето, кое превезувало сезонски работници кои береле јагоди, излегувајќи од спореден пат не застанало на „стоп“ знакот. На него налетал камион кој се движел по магистралниот пат.
Тројца работници од комбето и возачот загинале на лице место, додека четворица со тешки повреди се пренесени во болница.
Меѓу жртвите е и брачен пар, родители на четири деца. Сопругот починал на лице место, а жената е тешко повредена.
Полицијата врши увид на местото на несреќата, а сообраќајот се пренасочува по алтернативни правци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.