Вооружените сили на БиХ, во соработка со Владата на САД, набавија четири нови хеликоптери од марката „ Hell Huey II“ кои ќе бидат испорачани во наредните три години.

Договорот за набавка го потпишаа министерката за одбрана на БиХ Марина Пендеш и американскиот амбасадор во БиХ Ерик Нелсон.

Пред потпишувањето, Нелсон истакна дека ВС на БиХ се „светол пример за тоа што луѓето во БиХ можат да го постигнат кога делуваат заедно“ и ги повика властите на БиХ на вооружените сили (ВС) да им дадат средства за да продолжат со овој и другите проекти без прекини.

– ВС на БиХ секогаш се подготвени во исполнување на предизвиците и во помагањето на своето население. Тие имаат успешно партнерство со НАТО. Ова е заеднички проект на САД и БиХ за кој американската Влада обезбеди 34 милиони американски долари, а Министерството за одбрана на БиХ објави дека има намера да одвои повеќе средства како поддршка за реализација на овој проект. Досега се инвестирани над четири милиони долари, рече Нелсон.

Тој нагласи дека новите хеликоптери „ Bell Huey II“ имаат подобри перформанси со пониски трошоци и оти ќе им помогнат на ВС на БиХ да обезбедат витална поддршка за своите граѓани.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.