Стотина луѓе во Белград со денови чекаат во ред и глетката потсетува на „добрите стари времиња“ За два дена се продадени 15.000 карти за ФЕСТ, што како што соопштуваат организаторите е своевиден рекорд.

Најбарани биле картите за свеченото отворање и филмот „Миленичка“, како и за филмот „Жена“ во Сава центар. Големо интересирање владее и за филмот „Тие“ како и за холивудските филмови како „Зелена книга“ и за премиерите на некои домашни филмови како што е филмот „Штепови“ на Миша Терзиќ.

ФЕСТ почнува во петок на 22 февруари, а ќе трае до недела 3 март.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.