Заменик градоначалникот на Белград, Горан Весиќ утрово соопшти дека граѓаните на Белград остварија голема победа затоа што главниот српски град го премина прагот од 50 отсто вакцинирани граѓани.
На пункот за вакцинација на саемот во Белград, Весиќ најави дека ќе побара попуштање на мерките, односно продолжување на работното време на угостителските објекти и организирање на настани во Белград.
Во моментов имаме околу 696.000 вакцинирани граѓани во главниот град, па веројатно ќе преминеме 700.000 вакцинирани денес, најдоцна до утре. Бројот на ревакцинирани е околу 591.000, така што утре сигурно ќе достигнеме до шестотини илјади ревакцинирани граѓани, рече Весиќ за ТВ Прва.
Заменик-градоначалникот посочи дека сè повеќе млади лица се вакцинираат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.