Белгија засега не планира, да го следи чекорот на Франција од каде што најавија дека вакцинацијата ќе биде задолжителна за здравствените работници. Сепак, белгиските власти не ја исклучуват целосно таквата можност.
Медиумите, повикувајќи се на владини извори, посочуваат дека експертите и министрите за здравство го разгледуваат прашањето, но за сега остануваат на ставот дека е подобро да се оди на сензибилизација на населението.
Властите се охрабрени и од фактот што се зголемува поддршката на здравствените работници за вакцинација, па така во делови од земјата се постигнува речиси 80 отсто покриеност во овие професии.
Доколку падне поддршката или се забележи дека здравствениот персонал не се вакцинира не се исклучува да се врати прашањето на дневен ред и да се воведе задолжителна вакцинација, иако за тоа ќе биде потребна сериозна правна анализа, меѓу другото во однос на работниците кои работат под фриленсерски статус и не се врзани за ниту една установа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.